Пет лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2596 тестирања, а регистрирани се 367 нови случаи на ковид-19.

Пријавени се вкупно 5 починати лица:

  • Два пациенти од Скопје (91г и 83г)
  • Едно лице од Гостивар (77г)
  • Едно лице од Крива Паланка (40г)
  • Едно лице од Демир Хисар (65г)

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.