Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција посочи дека има пет нови позитивни случаи на коронавирус во Македонија.
Се работи за 54-годишна жена од Скопје која се вратила од Холандија преку Виена, а другите четири лица се од Дебар.
Тој додаде дека има уште две лица имаат дијагностицирано коронавирус во друга лабораторија, а дополнително треба да се потврдат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје
