На ден 27.09.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, 1 пожар е под контрола, а 3 пожари се изгаснати.
Активен: 1
Општина Желино: кај Карпалак, на патот Скопје – Тетово (ѓубре).
Под контрола: 1
Општина Гази Баба: на планината Скопска Црна Гора, над с. Арачиново (дел од ниска деградирана шума).
Изгаснати: 3
Општина Прилеп: позади Индустриското училиште – Прилеп (сува трева);
Општина Гази Баба: бул. „Александар Македонски“ (ѓубре);
Општина Карпош: ул. „Скупи“ б.б. (ѓубре).
