Пет знаци дека не се движите доволно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Редовното движење е основен предуслов за добро здравје, сите го знаеме тоа, но за жал не се придржуваме до тоа. Телото ни испраќа различни сигнали, а овие пет се сигурен показател дека нашето тело страда од премногу седење.

Кога станува збор за физичка активност, повеќето луѓе мислат на слабеење и физички изглед. Зголемувањето на телесната тежина е очигледен знак дека не ја трошиме енергијата што сме ја јаделе, но физичката неактивност се манифестира на разни други начини, за кои можеби не сме ни знаеле дека се поврзани со недостаток на физичка активност.

  • Надуени очи

Седечкиот начин на живот е еден од главните предизвикувачи на нашето тело да задржува вода. Надуени очи се појавуваат и кога премногу лежиме. Експертите препорачуваат јога како најдобар лек за овој проблем. Асаните вршат притисок врз главата и ја зголемуваат циркулацијата. Штом се движиме, отечените очи повеќе нема да бидат проблем.

  • Запек

Вежбањето е важно за правилно движење на дебелото црево. Ако поголемиот дел од времето го поминувате седејќи, потребно е повеќе време за храната да се движи низ дебелото црево. Како резултат на тоа, количината на вода што вашето тело ја апсорбира од столицата е ограничена, што доведува до запек. Редовно движење ја подобрува ефикасноста на вашиот дигестивен тракт. Дури и едноставните петминутни истегнувања неколку пати на ден може да спречат запек.

  • Се почесто заборавате

Ако честопати пропуштате некои информации, можеби треба да размислите малку да се придвижите. Едно истражување покажа дека луѓето кои водат неактивен животен стил покажуваат структурни промени во мозокот во областа на медијалниот темпорален лобус. Овој лобус е одговорен за нашата способност за памтење. Исто така, докажано е дека вежбите ја зголемуваат меморијата.

  • Ве болат колената

Движењето е тајната на опуштање на напнати зглобови. Вежбањето може да ги ублажи симптомите на артритис и остеоартритис, а ова особено важи за аеробни вежби со ниско влијание. На пациентите со хронична болка во колената им се препорачува да се приклучат на одредени програми за вежбање, а редовното вежбање ги зајакнува мускулите и стануваат пофлексибилни.

  • Постојано копнеете по слатки

Физичката активност е совршен сојузник во борбата против желбата за шеќер. Ја зголемува вашата енергија и ослободува ендорфин кој предизвикува општа среќа. Хормоните за среќа за возврат значително ја намалуваат желбата за шеќер. Покрај тоа, доволно вежбање во текот на денот помага да се отстранат симптомите на депресија, наведува „Брајт Сајд“.