Петков прв на распит во истрагата против Борисов

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Кирил Петков беше прв на распит во предистражната постапка, за која вчера беше уапсен лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, јавува БТВ.

Ова им го соопшти адвокатот на поранешниот премиер Менко Менков на новинарите откако тој ја напушти зградата на Генералната управа на Националната полиција.

Обвинение не е покренато и не може да се поднесе, бидејќи обвинението може да се поднесе само по писмена потврда од обвинител, рече адвокатот.

Претходно Министерството за внатрешни работи соопшти дека голем број високи функционери на ГЕРБ се приведени поради истрага на Европското обвинителство за повеќе од 120 случаи на измами со средства од ЕУ.

Но, Менков посочи дека во акцијата не учествуваат европски делегирани обвинители. 

Според него, се очекуваат и апсењата на Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова.