Вознемиреност и паника се уште владее во Хрватска по денешниот силен земјотрес.
За вестите на ТВ21 директно од Загреб разговаравме со Пеце Ацев, кој долги години е таму.
Тој вели дека ситуацијата во Загреб каде што се наоѓа во моментот, односно во центарот на градот била доста панична затоа што голем дел од луѓето биле надвор од своите домови завршувајќи ги своите дневни обврски.
„Ситуација во која што не би салкал никој никогаш да не се најде. Дефинитивно во еден момент сите беа уплашени за своите животи и животите на своите најблиски и можам само да замислам како им е на луѓето во Петриња и Сисак кој што се најпогодени од овој денешен земјотрес кој што се случи во оваа година во Хрватска. Во Петриња ситуацијата е доста сериозна луѓето се наоѓаат под рушевини, сите центри и служби за спасување во Хрватска се упатени одма итно во Петриња и Сисак, каде што им помагаат на жртвите на терен. За жал до сега е потврдена една човечка жртва, станува збор за 12 годишно девојче кое што е починато под рушевините во градот Петриња. Информациите од терен кои што стигнуваат се дека уште голем број на луѓе се наоѓаат под рушевините и сеуште не се знае точниот број на човечки жртви“, додава Ацев.
