Петта седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК, од прогласувањето кризна состојба, преку видеоконференциска интернет врска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски со честитка до Бајден: САД е нашиот стратешки партнер

Претседателот Стево Пендаровски денеска на својот фејсбук профил упати честитка до новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.Според претседателот, САД е...

Пописот, мета за нишанење во политиката, и власта и опозицијата со апел за разумност

Пописот на населението е статистички процес, но во Северна Македонија се користи за политички препукувања.Пред неколку дена опозициската ВМРО-ДПМНЕ...

Каде се одговорите на Груби до Меџити? Груби вели дека ги доставил, Собранието и Меџити го велат спротивното

Помина рокот од 20 дена за одговор на првиот вицепремиер Артан Груби на прашањата на неговиот сопартиец Изет Меџити...

Банкарската регулатива проблем за граѓаните? На македонскиот пазар има место за финансиските друштва

Пристапот на граѓаните за подигање на кредити од Банките отежнат. Причината лежи во банкарската регулатива и незаинтересираноста на банките...

Филипче прв ќе се вакцинира, земјата уште ги чека вакцините од Србија

Ниту денеска не пристигнаа вакцините од Србија. Се уште не е подготвена потребната документација за транспорт на вакцините изјави...

Денеска, во Центарот за управување со кризи, (понеделник, 30.11.2020 година), се одржа петта седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК преку видеоконференциска интернет врска. Штабот  е оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

Со седницата на Главниот штаб раководеше, в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, од својот кабинет, а на видеоконференцијата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи.   На седницата, покрај состојбата во државата во различни ресори, беа разгледани и определени активности на институциите, а и насоки за обезбедување валидно информирање на граѓаните и спречување на ширење дезинформации.  Тоа е со цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси.  Истовремено е одлучено да се формира и заеднички Медиа центар при Главниот штаб за управување со кризи, заради координирано тековно информирање на јавноста за активностите коишто произлегуваат од Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, што е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ со што се загрозува безбедноста и здравјето на населението.

Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а  работи  и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.