Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес, по телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека Соединетите Американски Држави „мора да добијат одговор на својата агресија“.
Во соопштение објавено на веб-страницата на иранското претседателство, Пезешкијан рече дека Иран бил „подложен на воена агресија“ и дека „цврсто се бранел“, според Си-Ен-Ен.
„Секогаш сме велеле дека сме подготвени да се ангажираме и да преговараме во рамките на меѓународното право, но наместо да ја прифати логиката, другата страна бараше предавање на иранската нација“, рече тој.
