БРИТАНСКИОТ новинар Пирс Морган често на Твитер ја коментира играта на хрватската репрезентација, а од некои објави може да се заклучи дека доста сочувствува со неа. Морган утринава ги објави своите прогнози за исходот на првенството и вели дека мисли оти Хрватска вечерва ќе ја победи Аргентина.
„Предвидувам: Хрватска ќе ја победи Аргентина Франција ќе го победи Мароко, а Франција ќе ја победи Хрватска во финалето на Светското првенство“, напиша Морган, а не недостигаа реакции.
Тој особено ги налути аргентинските навивачи, кои се убедени дека вечерва ќе ги победат Хрватите. Со него контактирале и голем број странци кои навиваат за Хрватска и се надеваат дека последниот дел од неговата прогноза нема да се оствари.
