Питон долг пет метри уби 45-годишна жена додека се враќала од својата градина во индонезиската провинција Јужен Сулавеси, објавија во саботата локалните медиуми.
Мајката на четири деца живеела со своето семејство во областа Сиденренг Рапанг, а во четвртокот му кажала на својот сопруг дека оди на локалниот пазар во Калемпанг бидејќи ќе дојде купувач на кого ќе му продаде чили.
Локалните жители забележале огромна испакнатост во стомакот на питонот
Но, со оглед на тоа што помина долго време откако излегла од дома, сопругот и роднините почнале да ја бараат, изјави за Detik.com началникот на селото Суарди Роси. Следното утро во грмушката кај предметот што несреќната жена го носела со себе кога заминала преку полето бил откриен питон.
Имаше огромна испакнатост во стомакот, па мештаните, навикнати на присуство на огромни предатори во близина на нивните домови и плашејќи се од најлошото, му го расцепија стомакот на питонот. Телото на несреќната жена било пронајдено во стомакот на змијата. Изгледа дека питонот ја каснал за ногата пред да ја завитка и прво да ja задуши, а потоа да ја проголта.
