Пицула: ЕУ се покажа непринципиелна и кон Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За најновите случувања во ЕУ, за нејзиното проширување со земјите од Западен Балкан, разговаравме во „Клик Плус“ со европратеникот Тонино Пицула.

Пицула кажа дека Северна Македонија ги исполнува сите критериуми со тоа што го промени името, но и дека ЕУ се покажа непринципелна и кон Косово. Пицула вели дека Косово направило сериозни поместувања во политиката, и дека ЕУ требало да ги укине визите за нивните граѓани, како што ветила.

„Ние навистина заговараме проширување и пред се заговараме Европската Унија да ги исполни своите обврски како спрема Северна Македонија така и спрема Албанија, но дозволете да потсетам дека и Косово направи сериозни поместувања во својата политика, се сеќавате имаше притисок за ратифицирање на својата граница со Црна Гора како би се укинале визите за слободно патување во Европската Унија, тие тоа го направија, а Европската Унија сеуште не ги укинала визите за граѓаните на Косово. Значи само врз примерот на тие три земји треба да се биде принципиелен и мене ми е мило дека тука Загреб е принципиелен, а верувајте се останато спаѓа во рамките на хрватската внатрешна политика.“, вели Пицула.