Пицула: Политиката на Бајден нема да биде пасивна кон Западен Балкан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европратеникот Тонино Пицула вечерва ни е соговорник во вечерашниот „Клик Плус“.

Пицула коментираше за улогата на САД во Западен Балкан. Европратеникот кажа дека очекува Бајден и Блинкен да немаат пасивна улога кон Западниот Балкан, како што тоа беше случајот со Трамп.

„Јас мислам дека американската надворешна политика на Претседателот Бајден и на државниот Секретар Антони Блинкен е надворешна политика која нема да биде пасивна кога говориме за политиката спрема Западен Балкан. Прашањето секако ќе биде за дострелот на таа политика. Она што охрабрува е тоа дека таа сака пред се предлозите за земјите на Западен Балкан да се работат во соработка со Европската Унија. Дозволете да ве потсетам дека во изминатите четири години додека во Белата Куќа беше трамповата администрација честопати имавме потполно унилатерлани потези на американскиот претседател, се одржуваа многу важни собири, се потпишуваа документи на кои со ниеден збор не беше спомената Европската Унија како што тоа беше случај со трилатералната средба помеѓу Соединетите Американски Држави, Србија и Косово, се сеќавате дека во таа прилика се потпишаа неколку документи но нивната анализа покажа дека тоа е за прв пат во Белата Куќа да станало збор за иднината на Западен Балкан а да Европската Унија не се спомене ниту еднаш. Мислам дека тие денови се поминати, и Бајден и Блинкен се добро познавачи на Европската Унија и нејзиното непосредно соседство“, вели Пицула.