Пицула: Преспанскиот договор е светол пример за договор постигнат помеѓу две земји

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со европратеникот Тонино Пицула, во „Клик Плус“ дебатиравме за различни теми. Секако неизбежен дел е и Преспанскиот договор, кој беше споменат и во декретот на Џо Бајден минатата недела.

Пицула коментираше дека тој договор е светол пример за договор меѓу две земји, и дека со него може само да напредуваат односите меѓу Северна Македонија и Грција.

„Се надевам дека така и ќе остане без разлика на некои интерни расправи за тоа како и на кој начин да се однесуваме кон Северна Македонија, Преспанскиот договор останува светол пример за договор кој го постигнале две земји, во овој случај Северна Македонија и Грција во кои земји во тоа време на власт беа левичарски влади, Ципрасовата и онаа на господинот Заев и секако со одредено посредство на меѓународната заедница. Тоа е еден од оние камења темелници од кои ќе прозилегува секоја политика која навистина сака да напредува, односно да ги подобри односите како во самата Македонија така и спрема Македонија. Така да мислам дека никој нема да го доведе во прашање Преспанскиот договор и неговата важност“, вели Пицула.