Во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва разговараме со Тонино Пицула, член на европскиот парламент од Хрватска. Дебатираме на повеќе актуелно политички теми за Македонија и за Европската Унија.
Пицула кажа дека Кина и Русија на некој начин се сфатени како закана за ЕУ, и дека тие прават посебен притисок и дека Западот сака да се консолидира за успешно да се спротивстави на надворешните закани.
„Во овој момент имате неколку оски кои политички, економски и безбедоносно се афирмираа во изминатите десет или дваесет години и кои секако го бараат својот простор како би го применувале своето влијание. Една од нив е секако Народна Република Кина која во овој момент е прва или втора економија во светот и која на многу начини сака да го зголеми своето политичко влијание за да реализира некои национални интереси, а кои во овој момент еден добар дел од Западот не ги препознава повеќе како нешто што нема врска со нивните интереси, туку ги препознава како закана за сопствените интереси. Од друга страна тука е и Руската Федерација која еве сега веќе е дваесет и нешто години под Владимир Путин која исто така сака да се афирмира како некој вид на хегемон во просторот во кој таа гледа и да го прошири. Сето ова ги става земјите на Западот под посебен притисок и тие бараат начин како на тоа да се спротивстават. “, вели Пицула.
Целата изјава на оваа тема низ следното видео:
