Платата на германски пратеник изнесува над 11.000 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот германски парламент има 630 членови, а основната плата на членовите на Бундестагот моментално изнесува 11.227 евра месечно, што е околу 135.000 евра годишно, објави Дојче веле.

Тој износ е бруто, па затоа на него се плаќаат даноци и здравствено осигурување, додека пензиското осигурување не се плаќа.

На крајот, пратениците, во зависност од нивната семејна состојба и другите приходи, добиваат околу осум илјади евра месечно.