Платата недоволна за потрошувачката кошничка – преживуваме со тешкотии, велат граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трошоците за живот растат а платите  паѓаат, велат граѓаните. За обезбедување на основните животни  продукти  и за водење на  умерен живот од почеток до крај на месецот потребни се минимум 500 евра реагираат тие. Според нив, простор за малку луксуз и планирање на викенди или одмори  со тие пари нема.

„Без 500 евра мислам дека не е возможно. За основни трошоци,без други давачки,облека,организирање на викенди, на одмор итн. 00.41… Ние сме научени на еден начин на живот а сега веќе е сосема друг и се придржуваме кон сето тоа што ни го нудат идните времиња така да кажам“

„Па испод 500 евра не се тера месецот. Да платиш сметки, да донесеш нешто дома да си дозволиш гардероба, да излезеш до кафанче.  Потребно е малку повеќе. Никогаш не е доволно“

„Не сум рачунал тоа. Колку имаш се снаоѓаш некако. Да се преживее само некако ама со потешкотии сето тоа се прави“.

Според граѓаните,  меѓу причините за финансиските проблеми со кои се соочуваат,  покрај  невработеноста и растот на цените , дополнително е  и Корона кризата која има одраз врз севкупната економија.  Дека е тоа така неодамна во интервју за 10 минути на ТВ 21 потврди и универзитетскиот професор Никола Поповски.

„Намалената потрошувачка, намаленото производство,носи намалени даноци. Плус потрошувачите ги сменија навиките на трошење,значи не се троши веќе за она што веќе не е неопходно. Значи луѓето се ориентирани кон храна кон секојдневните производи, дури и луѓето се рационални економски суштества создаваат залихи се плашат во иднина да не изгубат работа ,пандемијата во зима да не се зголеми и затоа само неопходното го трошат. Трошењето на неопходното е со 5 проценти во државата,тоа се овие храна,лекови и услуги“, истакна Никола Поповски.

Пари секогаш недостасуваат  велат луѓето кои ги анкетиравме,  но според нив и покрај нискиот животен стандард  во државата  ништо не е сменето .

„Стига пензијата некаден до 25 или до 28 во месецот. Зависи човек колку ќе си ја пушти чергата. Ако сака да се луксузира за 15 дена нема па после влегуваат во минус или на заем 01.08 Споредбено со порано и сега?….Ништо не е сменето, исто е не се движи ништо, тука во државата и времето застанало“, велат граѓани.

Инаку според податоците на Државниот завод за статистика кои беа објавени  деновиве трошоците за живот во август во однос на претходниот месец забележале пораст од 0,5 отсто, а цените на мало се зголемиле за 0,8 отсто.

.