Од независноста на Македонија сменети се 19 министри за образование. Сите експериметираа но никој од нив не направи добра стратегија, вели наставникот Мамер Ковачи коментирајќи го квалитетот во образованието, на дебата организирана од Институтот за политика “Арбен Џафери“ и Аналитичкиот центар на АА. Според Ковачи платите се Ајсбергов врв а проблемите се многу поголеми.
„Верувам дека треба да се освести политичката и интелектуалната елита во државава и да не дозволат наставниците да преговараат за плата. Мислите дека квалитетот во образованието зависи од платите? Да, секако сека да, мотивиран наставник секако дека ќе даде и подобри резултати“ вели Ковачи.
АА го поддржува штрајкот во образованието. Генералниот секретар на партијата, Арбен таравари, вели дека областа на образованието е помалку платена од другите професии споредувајќи ја платата на наставниците со платата на келнерите.
„Ако мислиме дека скапо не’ чини образованието, како што вели и претседателот Обама, тогаш погледнете колку чини игнорирањето. Во Македонија обичен келнер или пекар зема поголема плата од наставник или професор, средно,основно училиште или факултет“, вели Таравари.
Активистот Бленди Ходај го поддржува барањето за повисока плата, но додава дека треба да се работи и на подобрување на квалитетот во образованието.
„Нивните барања се легитимни и ние како Форум за промени во образованието поддржуваме повисока плата, ново исто време се надеваме дека ќе протестираат и за квалитет во образованието во споредба со сега“, рече Ходај.
Денешната дебата беше организирана на тема “Штрајк во образование: важноста на оценувањето на наставата и вложување во човечки капитал“ во рамки на штрајкот кој трае веќе петти ден.
