По 32 години се врати во Македонија – со скара на планината Жеден прославен 1-ви мај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По 32 години решил да ја напушти Германија. 1-ви мај по долго време денеска го прослави со пријателите и семејството во Македонија.

„Ова е прв пат да дојдам, бидејќи 32 години живеев во Германија, во Берлин, и по 32 години решив засекогаш да ја напуштам Германија и се вратив дома кај семејството. Ова е прв пат да славам тука, и сум тука како сите други за да видам нешто интересно. Местото е убаво, атмосферата е пријатна, има луѓе, времето е убаво, има познаници – сè досега е во ред“, вели граѓанин.

Од рано утрово речиси секое место беше зафатено во подножјето на планината Жеден. Мирисот на скара од далеку се чувствуваше.

„Многу е убаво, атмосферата е одлична, прв пат сум овде. Местото е убаво, воздухот е чист, времето е многу пријатно“.

И не само чистиот воздух, зеленилото беше добредојдено и за друштвени игри кај децата. Семејствата доаѓаат често тука, не само за 1-ви мај.

„Доаѓаме кога сме слободни за време на викендите, многу е убаво и има многу луѓе што се излезени. Местото е чисто, а сите што оставаат отпадоци – ги собираат“.

Похрабрите пак се одлучија за адреналинско јавање на коњи.