По 43 години, Доли Партон повторно „зајачица“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американската кантри-пејачка Доли Партон, по 43 години, повторно го облече „Плејбој“ костимот на тн. „зајачица“. Имаше и посебен повод за тоа.

Доли сакаше роденденот на нејзиниот сопруг да го направи посебен, па облече ист костим како во 1978 година, кога позираше за познатото „машко списание“.

– Се сеќавате кога пред некое време реков дека ќе позирам за списанието „Плејбој“ кога ќе имам 75 ​​години? Е па, јас имам 75 години ама списанието го нема, но мојот сопруг секогаш ја сакаше таа оригинална насловница на „Плејбој“, па затоа се обидов да смислам нешто за да го направам среќен. Тој сè уште мисли дека сум „згодна девојка“ и по 57 години – и нема да се обидам да му го оспорувам тоа!… Мислите дека „Плејбој“ треба да ми плати барем за оваа фотосесија? Да!, вели таа во видеото.

Минатата година, Доли во шоуто на Скот Милс и Крис Старк на „Би-би-си рејдио 5“ навести дека сака повторно да позира за „Плејбој“ во чест на нејзиниот 75-ти роденден.

– Значи, да, можно е. Да, разговаравме за тоа, рече таа.