Како што изјави таа, бугарската влада официјално не реагирала на изучување на српскиот јазик во Северна Македонија, бидејќи тоа е внатрешно прашање, додава Захариева.
„Не можеме да се мешаме во воведувањето на српскиот јазик и нивниот културен центар, но исто така сакаме да имаме бугарски културен центар“, рече Захариева.
Таа оцени дека нема нормален пат или нормална пруга помеѓу Бугарија и Северна Македонија и дека бугарските компании во Скопје се соочуваат со административни бариери.
Таа исто така рече дека единствената фашистичка нација во македонските учебници е бугарска и дека верува дека Бугарите не се фашисти.
„Во тој случај и Италијанците и Албанците треба да бидат наведени како фашисти бидејќи тие беа сојузници на Германија во тој историски период“, рече таа.
Таа им се заблагодари на македонските власти што ги затворија профилите на Фејсбук на кои беше објавен говор на омраза против Бугарија и посочи дека најважно е да се смират емоциите, бидејќи, како што додаде, доколку не се решат проблемите на двете земји, тие ќе бидат во загуба.
