По нападот пред Капитол: Загина еден полицаец, напаѓачот убиен бидејќи имал нож во рака

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Засега непознат маж со авотмобил удри во полицајци, по што излегол од автомобилот со неидентификуван предмет, за што се смета дека било нож, по што веднаш е ликвидиран. Настанот се случил пред Капитол.

Двајца полицајци веднаш биле пренесени во болница, а еден им подлегнал на повредите. Некои портали објавија дека напаѓачот најпрво удрил еден полицаец, а потоа со нож го нападнал вториот.

До инцидентот дошло на авенијата „Индепенденс“, блиску до северната контролна точка во компелксот на Капитол. Зградата на Конгресот била блокирана веднаш по инцидентот.

Во моментов има силно полициски обезбедување, за да нема евентуално уште еден напад.