По нападот, запалена и салата: Хорор снимки од Москва!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку тројца маскирани напаѓачи упаднаа во концертната сала „Крокус“ ​​во Москва и отворија оган, при што убиле најмалку 12 лица, а раниле повеќе од 35.

На социјалната мрежа Х се појавија снимки од грозоморниот напад, а набргу потоа се појавија и снимки од салата во пламен.

Само неколку минути по грозоморниот масакр, пламенот зафатил голема површина од салата.

Да потсетиме, на социјалните мрежи се појавија првите видеа од грозоморниот напад во концертна сала во Москва.

Според неофицијални информации, во нападот загинале најмалку 12 лица, а 35 се ранети. На снимката се гледаат луѓе како панично бегаат од салата, се слушаат врисоци и се слушаат звуци од пукотници.

Во тек е евакуација на луѓето, изјавија за ТАСС службите за итни случаи.

На социјалните мрежи се шират наводни видеа од евакуацијата од концертната сала „Крокус сити хол“, додека сега е споделена и наводната прва снимка од двајцата напаѓачи кои со пушки и во маскирни униформи се шетаат низ салата.