По пукањето во Бутел 2, 24-годишно момче во критична состојба на КАРИЛ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице беше убиено, а друго тешко повредено по синоќешното пукање во скопската населба Бутел 2.

Според информациите, 24-годишното момче е пренесено на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување и во моментов се наоѓа во критична состојба.

Од МВР денес истакнаа дека на паркинг на подрачјето на Чаир каде што било паркирано патничко возило „Волксфаген Голф 7“ со скопски регистарски ознаки во кое бил 24 годишниот возач Л.П од Скопје и неговиот сопатник К.И. 43 години од Скопје неколку лица со огнено оружје испукале проектили кон возилото.

Според извори од МВР, испукани биле над 80 крушуми.

Истрагата е во тек и ќе треба да ги утврди мотивите за овој настан кој синоќа ги вознемири жителите на Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: