Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски на пладне денеска се пријавил сам во Шутка, откако претходно Министерството за внатрешни работи распиша потерница.
Информација за ТВ21 ја потврдува и директорот Есад Рахиќ. По Панчевски беше распишана национална потерница, откако по решение за притвор од велешкиот Основен суд, не беше пронајден од страна на полицијата.
Велешкиот Суд издаде решение за притвор, откако по неколку обиди да одржи рочиште, во кој обвиниет е поранешниот судија, Панчевски не се појави на судењета. Владимир Панчевски, кој од функцијата судија беше разрешен во декември 2019 година, е обвинет за манипулација со АКМУС системот за судењата на СЈО.
