Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку одговори на поканата на Доналд Трамп и Владимир Путин.
Тој најпрво рече дека се надева оти Трамп ќе го информира за деталите од разговорите, но додаде дека го поддржува предлогот за запирање на ударите врз енергетската инфраструктура на 30 дена.
Како што вели, Украина ќе ги поддржи сите идеи кои водат кон стабилен и праведен мир, но дека безусловен прекин на огнот ќе биде подобар чекор напред.
Тој, сепак, рече дека идните разговори за Украина без Киев на маса нема да донесат резултати.
Зборувајќи за понудата на Русија за ослободување на 23 тешко ранети украински војници, тој рече дека ослободувањето на сите затвореници ќе биде вистинскиот начин Русија да покаже дека е сериозна за мировните преговори.
На барањето на Путин да се замрзне сета странска воена помош и размена на разузнавачки информации, Зеленски рече дека сојузниците на Украина никогаш нема да се согласат на таков потег и се надева дека снабдувањето ќе продолжи.
Зеленски додаде дека ова барање е само обид на Путин да ја ослабне Украина.
Украинскиот лидер исто така рече дека неговите сили оцениле дека Русија подготвува нови офанзиви во неколку региони – Суми, Харков и Запорожје – во обид да го зголеми притисокот врз Киев.
