По направената репортажа од ТВ21 за реката Сушица која поминува низ градот Кичево, надлежните органи презедоа активности за чистење на коритото.
Изградбата на реката Сушица беше ветување на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, на локалните избори во 2017 година.
Проектот предвидува велосипедски ленти, шеталишта, но реализацијата на овој проект сè уште не е започната.
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, за ТВ21 пред една недела изјави дека следната година ќе започнат со спроведување на проектот.