По Роналдо, Саудијците сакаат уште една ѕвезда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако потпишаа со Кристијано Роналдо, челниците на Саудиска Ал Наср сакаат да го доведат и аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.

Според италијанскиот печат, 29-годишниот Икарди е новата мета на богатиот саудиски клуб. Аргентинецот моментално настапува за Галатасарај, но веќе некое време се шпекулира дека не е многу среќен во турскиот гигант. Досега забележа шест настапи и постигна четири гола.

Икарди пристигна во Галатасарај во септември 2022 година на едногодишна позајмица од ПСЖ, чиј член е од 2019 година. Пред тоа шест години играше за Интер, а две за Сампдорија. Икарди е посакуван и од Њуелс Олд Бојс, но тие тешко можат да се справат со понудата на Саудиска Арабија.

Саудискиот клуб на крајот на декември го ангажираше Кристијано Роналдо кој во Ријад ќе заработува 200 милиони евра по сезона. Португалецот има загарантирана фудбалска плата од 90 милиони евра, а со вклучени комерцијални и спонзорски договори, сумата се искачува на 200 милиони евра по сезона.