По Трамп, и Макрон најави присуство на погребот на папата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди за локалните медиуми дека ќе присуствува на погребот на папата.

Датумот на погребот треба да се знае во текот на денот, бидејќи утрово кардиналите разговараат за тоа.

Се очекува на погребот да присуствуваат десетици светски лидери, како и стотици илјади верници.