Поранешниот фудбалер на двата тетовски тима Шкендија и Ренова, а кој сега го носи дресот на ФК Дрита од Косово е позитивен на првиот тест за коронавирус.
По направениот прв тест за коронавирус, за ТВ21 Изаир Емини истакна дека во моментот бил во самоизолација, нема никакви симптоми, но не може да им се приклучи на соиграчите на тренинзите. Засега здравствената состојба му е добра.
„Требаше да се вратам во Косово, бидејќи беше донесена одлука дека ќе почнеме со тренинзите. На 19 мај направив тест на Ковид-19 и утредента резултатите излегоа позитивни. Искрено јас немав никаков знак или симптом“, истакна Изаир Емини.
Изаир ќе мора да остане во изолација 14 дена. Како што вели максимално бил подготвен за претстојната сезона и дека му е жал што по излегување од карантинот ќе мора да почне од почеток со подготовките.
„Треба да останам 14 дена сѐ додека не го направам следниот тест. Најголем проблем ми е тоа што не можам да ѝ се придржувам на екипата и да продолжам да играм со нив. Ова е најголемиот проблем, бидејќи се чувствувам добро и нема зошто да се грижиме“, додаде Изаир Емини.
Емини уверува дека ги почитувал сите мерки и дека не знае како се заразил. Порачува луѓето да не стравуваат, бидејќи според она што го поминува тој деновиве, станува збор за нешто лесно и минливо.
По втор направен тест фудбалерот Изаир Емини е негативен на коронавирус.
