Почина актерката Видосава Грубач

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Почина долгогодишната актерка Видосава Грубач, која беше член на Драмски театар од 1962 па сѐ до пензионирањето.

Оваа вест на својот Фејсбук профил ја објави Драмскиот театар Скопје.

„Со огромно жалење ја примивме веста за смртта на долгогодишната актерка Видосава Грубач, која беше член на Драмски театар од 1962 па сѐ до пензионирањето.

Најважните улоги ги остварува на Куклената и на Детската сцена, но со голем успех учествува и во проектите на Вечерната сцена.

Селективна театрографија: Беки Тачер во Том Соер (1962); Оливер Твист во Оливер Твист (1963); Клариса во Кралот на елените (1964); Лилјана Бартли во Фармерки (1965); Мариета Ривал во Сојуз на лажните светци (1970); Жената во облека на шпанска кралица во Ништо (1972); Бајачката во Диво месо (1979); Екатерина во Бркотница (1980); Иродијада во Салома (1985); Тетка Веска во Чија си (1991).

Изразуваме искрено сочуство до семејството.Нека и е вечна слава!“, пишуваат од таму.