По кратко боледување, на 46-годишна возраст почина универзитетскиот професор и воен историчар д-р Александар Стојчев.
„Со длабоко жалење ја примивме веста за смртта на директорот на Воениот музеј, д-р Александар Стојчев. Беше извонреден соработник, добар колега, секогаш посветен на документирање на историските настани. Изразуваме длабоко сочувство до семејството. Слава му!“, стои во објавата на Министерство за одбрана.
