Почина Дик Марти!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, кој ги истражуваше злосторствата на ОВК и трговијата со човечки органи во Косово, почина денеска на 79-годишна возраст.

Веста ја соопштија од Либерално-радикалната партија на Швајцарија.

Марти, поранешен швајцарски сенатор и обвинител, во 2010 година објави извештај за сомнежи за трговија со органи во Косово.