Саудискиот кралски двор утрово ја објави смртта на големиот муфтија на земјата, шеикот Абдулазиз бин Абдула ал-Шеик, објави Саудиската новинска агенција (SPA).
„Со неговата смрт, Кралството и муслиманскиот свет загубија истакнат научник кој даде значаен придонес во служба на науката, исламот и муслиманите“, се вели во соопштението, кое го пренесе Ал Арабија.
Кралот Салман бин Абдулазиз и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман изразија сочувство до семејството на покојниот шеик, саудискиот народ и муслиманскиот свет.
Погребот на шеикот Абдулазиз, кој беше и претседател на Советот на високи научници, ќе се одржи денес попладне во џамијата Имам Турки бин Абдула во Ријад.
Саудискиот крал Салман нареди погребот да се одржи во отсуство во Мека и Медина и во џамиите на Кралството по попладневната молитва.