Почина долгогодишниот претседател на Република Чад, Идрис Деби.
Според потврдата од националната армија на Чад прочитана на националната телевизија, Деби починал од раните што ги добил додека командувал со својата војска во битките против бунтовниците на северот.
Бунтовниците од Фронтот за промена и согласност во Чад во изјава вчера објавија дека Деби е повреден и се наоѓа во бегство.
Република Чад е држава во Северна Африка без излез на море.
