Кичево во првиот месец од пандемијата немаше ниту еден заразен со Ковид-19. Но сега Ковид-19 зема замав во овој град. До сега 88 лица се заразени со овој вирус, 75 се активни. Коронавирусот во овој град одзеде 3 човечки животи меѓу кои и на муфтијата Мурат Хусеини. Од Кризниот штаб за Ковид-19 во Кичево велат дека Кичевскиот муфтија пред неколку дена бил испратен на Скопската клиника во тешка состојба а во Кичево не бил тестиран туку тестот му бил направен во Скопје.
„Пациентот на 02.07 во четвртокот во тешка состојба се јавил кај матичниот лекар, матичниот лекар откако ја утврдил неговата состојба дека има тешкотии со дишењето, пад на заситеност со кислород и кашлица, со Брза помош го испратиле на клиниката “8 Септември“ во Скопје како сомнителен на Ковид-19. Две недели бил лекуван на таа клиника“, вели Џабир Бајрами, Кризен штаб за Ковид-19, Кичево.
Случајот за ТВ21 го потврди и секретарот на Кичевското муфтиство, Ќамил Рушити. Тој апелираше до сите да бидеме внимателни во врска со Ковид-19 бидејќи бројот во Кичево постојано расте.
„Пред една недела беше хоспитализиран на клиниката “8 Септември“ во Скопје каде бил примен во тешка здравствена состојба и таму е потврдено дека бил позитивен на Ковид-19 и бил лекуван во таа болница, меѓутоа денеска му се влошила неговата состојба по што починал“, истакна Ќамил Рушити.
На 30 јуни во Кичево од Ковид-19 беше заразен еден имам, затоа беше одлучено џамиите во градот Кичево да бидат затворени неколку дена со цел да се зачува здравјето на верниците кои доаѓаат во џамија.