Габи Новак, една од најпознатите пејачки на просторите на поранешна Југославија, почина на 89-годишна возраст. Новак почина еден месец после смртта на нејзиниот единствен син, Матија Дедиќ. Таа беше сопруга на познатиот пејач Арсен Дедиќ.
Новак во последните недели се борела со пневмонија, но успеа да ја победи болеста и последните денови од животот ги минала во дом за стари лица.
Габи Новак е родена во Берлин како Габриела на 8 јули 1936 година. Пред крвавата светска војна нејзините родители се преселиле во Загреб, а таа ги поминала воените години на Хвар, родното место на нејзиниот татко. На самиот крај од војната нејзиниот татко бил убиен под неразјаснети околности, а потоа со нејзината мајка се преселила во Загреб.
Дипломирала на отсекот графичка умерност, но во слободно време ја открила својата втора љуов во живот – музиката, пишува Синиша Шкарица во својата книга посветена на Габи.
Последниот албум во издаде во 2006 година наречен „Златна колекција“. Учествуваше на познатите сплитски фестивали, потоа Загребфест, во „Белградска пролет“, а пееше неколку пати и на фетивалот во Опатија.
Новак ја доби наградата Порин за најдобра женска вокалистка за нејзините настапи во албумот „Песмата е мој живот“ во 2003 година, и за посебен придонес во хрватската забавна музика во 2006 година.
Нејзиниот сопруг Арсен Дедиќ почина во 2015 година, со кого беше во брак од 1970 година.
