Почина легендарната спикерка Бранка Станковска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Почина Бранка Станковска, легендарната спикерка во Македонската радио телевизија. Станковски почина на 90-годишна возраст, објави нејзината внука Ирина Костовска.

“Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сеуште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко“ напиша на Фејсбук  нејзината внука Ирина Костовска.

Станковска е родена во 1931 година во Скопје. Во Македонската радиотелевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.