Американскиот музичар Литл Ричард, легендата на рокенролот, почина во 87 година од својот живот, пренесоа светските медиуми.
Со својот енергичен настап, ја „размрда“ глобалната музичка сцена во 1956 година со песмата „Тути фрути“.
Ричард продолжи да прави хитови и понатаму, но не беше на првите 10 место на топ листите од 1958 година. Тој се смете како еден од оние кои почнаа да го промовираат рокенролот.
Неговите песни ги преработувале бројни музичари, меѓу кои и „Битлси“.
