Почина лицето кое беше повредено во пукање во Батинци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Градската општа болница денеска околу 10:55 часот бил донесен 50-годишен маж со прострелни рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, информираат од установата во врска со пукањето што се случи утрово во селото Батинци, скопско.

„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 50 години, со рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но било констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската општа болница за ТВ21.

Околностите под кои настанал инцидентот засега не се познати, а надлежните органи започнаа истрага за расветлување на случајот. Полицијата изврши увид на терен, а се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и мотивите зад пукањето.