Почина Момчило Краишник, ја загуби битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Момчило Крашник, поранешниот претседател на парламентот на босанските Срби, почина утрово на 75-годишна возраст како последица на коронавирусот, јавуваат српските медиуми.

Краишник бил примен на клиниката на Република Српска, откако бил заразен со коронавирус.

Краишник беше прв претседател на Националното собрание на Република Српска. Беше осуден од трибуналот во Хаг на 17 март 2009 година на 20 години затвор, за злосторства извршени за време на војната во БИХ. Издржа само третина од казната, а беше ослободен во 2013 година.