Почина Перко Колевски, првиот министер за здравство во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 77 годишна возраст денеска по кратко боледување почина Проф. Д-р Перко Колевски.

Колевски е првиот министер за здравство во независна Македонија и редовен професор на Медицинскиот факултет. Основоположник е на имунологијата и трансплатацијата на бубрег во Република Македонија.

Директор на Институтот за Трансфузиона Медицина при Клинички Центар Скопје.

Добитник е на Државната награда “ 11 Октомври”. Бил одликуван и со Орден за заслуга за народ со сребрена ѕвезда