Почина познатиот актер од „Вовед во анатомија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актерот Ерик Дејн, најпознат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“, почина на 53 години по борбата со амиотрофична латерална склероза (АЛС).

Ерик Дејн во април 2025 година откри дека боледува од неизлечива дегенеративна невролошка болест, при што во интервју за водителката Дајана Сојер изјави дека десната страна од телото престанала да му функционира, а левата рака брзо ја губи својата функција, пренесе ABC.

Роден е на 9 ноември 1972 година во Сан Франциско. Дејн имаше улоги во серии како „Чари“, каде го играше Џејсон Дин две сезони, а особено ќе остане запаметен како д-р Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“.

Дејн остави две ќерки, добиени во бракот со актерката Ребека Гејхарт, со која се оженил во 2004 година. Иако во 2018 година беше покрената постапка за развод, барањето беше повлечено во март 2025 година, еден месец пред Дејн јавно да проговори за својата дијагноза.