Познатиот британски актер Тимоти Вест почина на 90-годишна возраст, во својот дом, опкружен со пријателите и семејството.
Тимоти Вест е познат по многуте улоги кои не се телевизиски и театарски, а публиката ќе го памети по улогите во „Cronation Street“ и „EastEnders“.
Неговите деца, Џулиет, Семјуел и Џозеф Вест излегоа со заедничка изјава:
„По долг и необичен живот на сцената и надвор од него, нашиот драг татко Тимоти Вест синоќа мирно почина во сон. Имаше 90 години. Тимоти на крајот беше со пријателите и семејството. Зад себе ја остави сопругата Прунела Скејлс, со која беше во брак 61 година, сестра, ќерка, два сина, седум внуци и четири правнуци. На сите ќе ни недостасува многу“.
