Познатиот француски актер Ален Делон почина на 88-годишна возраст, објавија неговите деца.
– Почина мирно во својата куќа во, опкружен со своите деца и семејството – соопштија утрово неговите три деца во заедничка изјава за АФП.
Делон доживеа мозочен удар во 2019 година, а во последните години се бореше со ракот.
Роден на 8 ноември 1935 година.
Тој беше театарски и филмски актер, режисер и сценарист.
Делон беше една од најголемите филмски икони на 20 век.
