Почина познатиот пејач Халид Бешлиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ почина денес, 7 октомври, на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест.

Кон крајот на август, Халид Бешлиќ беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. 

Со своите безвременски хитови одбележа неколку децении на музичката сцена на поранешна Југославија и регионот.

Неговите песни како што се „Милјацка“, „Романи“, „Не можам да живеам без тебе“ и многу други останаа длабоко врежани во срцата на публиката .

Во текот на својата богата кариера, Бешлиќ остана симбол на искрена емоција, народна душа и музичка автентичност.

Бешлиќ беше популарен и во Македонија. Одржуваше концерти, имаше и настапи во познати клубови. Последниот голем концерт му беше во арената „Борис Трајковски“ во Скопје во ноември 2022 година.