На Инфективната клиника во Скопје денеска почина водителот и пејач Драган Вучиќ од компликации од вирусот КОВИД-19.
Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук профилот посочи дека музичарот бил хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила.
Тој додава дека покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот.
Драган Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Тој е композитор на „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“, како и на песната „Мake my day“ со која неговиот син, Мартин Вучиќ, ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2005 година.
Беше и водител на квизовите „Среќни луѓе“, „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“.
