Претседателот на Врховниот суд на Република Хрватска, Радован Доброниќ, почина синоќа во Загреб на 66-годишна возраст.
Доброниќ починал во својот стан, а полицијата била известена од страна на медицинската сестра која се грижела за него, а тој боледувал од рак на простатата, а во последниот месец ситуацијата нагло му се влошила.
Полицијата била известена дека неговата смрт настапила ноќта помеѓу 7 и 8 март.
Доброниќ е на чело на Врховниот суд на Хрватска од 2021 година. Во минатото бил истакнат адвокат и судија.
