Почина првиот канадски астронаут

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот канадски астронаут во вселената и поранешен министер за надворешни работи Марк Гарно, почина на 76-годишна вораст по кратко боледување, објави АП.

Пратениците во средата вечерта му оддадоа почит со едноминутно молчење во Долниот дом на барање на пратеникот Марк Геретсен.

Марк Гарно, електроинженер и поранешен офицер на Кралската морнарица, стана првиот Канаѓанец во вселената кога полета со американскиот вселенски шатл во 1984 година. Потоа Гарно направи уште две патувања во вселената.

„Со глабока тага ја споделувам смртта на мојот сопруг. Марк ги пречека последните денови со истата сила и достоинство што го карактеризира неговиот живот. Почина опкружен со љубовта на своето семејство“, изјави неговата сопруга Пам Гарно, притоа не прецизирајќи ја смртта на Марк.