Почина Рон Ели, се прослави по улогата на Тарзан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актерот Рон Ели, почина на 86-годишна возраст, а неговата ќерка ја потврди тажната вест.

Како што рече, Рон Ели мирно почина на 29 септември.

Рон е најпознат по својата главна улога во филмот „Тарзан“, а неговиот лик го одбележа детството на многумина.

„Светот изгуби еден од најголемите луѓе што некогаш ги познавал – а јас го загубив татко ми“- напишала неговата ќерка.

Страшна трагедија

Се прослави со улогата на Тарзан во истоимената серија која се емитуваше на NBC од 1966 до 1968 година. Подоцна Рон се префрли на водителството, а во 80-тите ги водеше сите најважни избори за Мис на светот.

Сепак, малкумина знаат дека доживеал страшна трагедија која му го одбележала животот.

Во неговата куќа се случило крвавото убиство кое го шокирало целиот свет. Неговиот 30-годишен син Камерон Ели до смрт ја избодел мајка си, 62-годишната Валери, по што и самиот бил убиен во престрелка со полицијата.

Убиството се случило во нивниот луксузен дом во предградието на Санта Барбара, а Камерон се обидел да го обвини својот татко.

Полицијата во куќата пронашла тело со „повеќе убодни рани“, а актерот и потврдил дека осомничениот е неговиот син, но поради тешката здравствена состојба не можел јасно да зборува.

Полицијата открила дека Камерон е закана и дека мора да пука во него. Рон Ели не е повреден, но сепак е пренесен во болница.

Инаку, Рон и покојната Валери се запознале додека тој го водел изборот за мис, а таа ја претставувала државата Флорида.

Тие се венчаа во 1984 година, а покрај Камерон имаат и две ќерки Кирстен и Кејтланд.