Почина шеикот Ахмед бин Рашид, Дубаи прогласи 10 дена жалост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменикот на началникот на полицијата во Дубаи, шеикот Ахмед бин Рашид Ал Мактум, почина денеска на 76-годишна возраст, а Дворот на Дубаи прогласи десетдневна жалост.

Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, почнувајќи од денеска, објавено е на веб-страницата на Владата на Дубаи.

Ахмед бин Рашид бил помлад брат на шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Дубаи.